Поголем простор за Вашиот комфор.

Ентериер

Вашата безбедност во преден план: Вашето Polo е веќе со основната опрема. Серискиот систем за набљудување на околината "Front Assist" со вклучена City-функција за вонредно сопирање и системот за препознавање пешаци Ви помагаат да ги препознаете критичните ситуации на одржување растојание и при процесот на сопирање да го скратите патот на запирањето. Дополнително, воздушното перниче за глава кај патниците во предниот и задниот дел, во сериозен случај се грижи за зголемена заштита на главата. За соодветен звук додека сте на пат и за правилна клима за секое годишно време - сериски во Polo Comfortline - се грижат радиото "Composition Colour" и клима-уредот.

Многу багаж? Во новото Polo со големата понуда на простор тоа нема да претставува никаков проблем. Притоа, линијата на опрема "Comfortline" во сериската опрема има рамен под на багажниот простор. Благодарение на потпирачот на задната клупа што може асиметрично да се подели, подолгите предмети или поголемите пазарувања можат многу поедноставно да се сместат.
Во линијата на опрема "Highline", Polo покрај високото ниво на комфор, ја нуди и познатата дополнителна Styling опција, на пример преку сјајните декоративни облоги во "Deep Iron" или "Silver Silk". Средишниот потпирач за раце напред, клима-уредот "Climatronic" со регулирање на температурата во 2 зони и филтерот за алергени, како и кожниот повеќефункциски управувач исто така се покажуваат како исклучително комфорни и практични.

Префрлување кон совршеното светло.

Амбиентално осветлувањеg

При возењето ноќе не мора да седите во темнина. Сериското амбиентално осветлување кај Polo во линијата на опрема "Highline" се грижи за пријатна атмосфера, при што во внатрешноста поставува светлосни акценти: Внатрешниот дел од покривот, долниот раб на инструментната табла, предниот простор за нозе, декоративните облоги на вратите во боја и предната преграда (опционално со индуктивно полнење) се стилски инсценирани со бела светлосна лента.

Затвори
Затвори мени

Polo.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team