Во новото Polo, со опционалниот избор на возен профил, Вашиот начин на возење може индивидуално да го приспособите зависно од ситуацијата. Со притиснување копче на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем, изберете го саканиот профил. Според тоа автоматски се приспособуваат погонот, управувачот и точките на менување степени кај менувачот со двојна спојка DSG.
Возниот профил ECO притоа Ви помага да возите со што е можно поголема заштеда на гориво. Тој ги приспособува перформансите на моторот и го активира Start-Stopp системот доколку истиот е исклучен. Покрај тоа, се активира регулирање на клима-уредот со оптимална потрошувачка и управување со топлината. Доколку возите со менувач со двојна спојка DSG, тој избира порано префрлување степен и што е можно почесто ја иницира функцијата за слободен од што штеди енергија.
Ако сакате да уживате во сосема вообичаен комфор, изберете го возниот профил NORMAL. Ако сакате поспортско возење, префрлете во профилот SPORT. Наспроти тоа, со режимот INDIVIDUAL сте особено флексибилни.