TSI бензинските мотори освојуваат со моќност и штедливост. Остварете профит од максимален вртежен момент веќе при низок број на вртежи. Агрегатите со нивната комбинација од мала зафатнина, турбо полнење и директно вбризгување овозможуваат рамномерно развивање на моќноста. За тоа се користи Downsizing техниката: овде и покрај споредливо малата зафатнина, моторите имаат голема моќност.
TDI моторите се дизел мотори со турбо полнење и директно вбризгување на гориво со Common-Rail технологија. Тие се одликуваат со штедливост, голема влечна сила и многу голема моќност. Покрај тоа тие работат особено тивко и благодарение на високиот вртежен момент поддржуваат и спортски начин на возење.