Новиот дизајн на Polo уште во основната верзија поставува нови стандарди. На прв
поглед се истакнува линијата торнадо: впечатливата линија на дизајнот се провлекува
од предните странични делови преку сериските четири врати и задниот дел околу
Вашето ново Polo. На тој начин се создаваат јасни контури и се изразува
прогресивната динамика. Кон изгледот, покрај новите фарови напред и одзади,
припаѓаат и LED светлото за дневно возење, LED осветлувањето на регистарската
табличка и 14-инчните челични тркала со украсна маска за тркала.
Значаен плус во однос на комфорот Polo нуди во линијата на опрема "Comfortline" со
своите 15-инчни тркала од лесен метал и декоративните облоги во Limestone металик
сива боја за инструментната табла и облогата на вратата напред.
Доколку ја цените спортската надворешност кај едно возило, целосно ќе Ви се исплати
Вашето Polo во линијата на опрема "Highline". Хромираната лајсна врамена во
браникот и темноцрвените задни светла го истакнуваат спортско-елегантниот изглед и
совршено се вклопуваат во дизајнот. Впечатливата целосна слика со стил ја
заокружуваат 16-инчните фелни од лесен метал.