Може да биде исплатливо, да го вклучите навигацискиот уред и при патишта, кои добро ги познавате - со Car-Net "Guide & Inform Basic". Оваа услуга ги користи најактуелните податоци од интернет и веќе ќе можете навремено да бидете предупредени за метеж и да најдете заобиколени рути. Или со пребарувањето посебни цели ќе откриете ново кафуле или ресторан. Во првата година Car-Net "Guide & Inform Basic" е бесплатен за Вас.
Опционалниот систем за навигација "Discover Media" располага со екран на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи) со конструкција од стакло. Ракувањето е пријатно интуитивно и ако сакате можно е да ракувате со него дури и со таблет од задната клупа - апликацијата "Volkswagen Media Control" тоа Ви го овозможува.
И не заборавајте: Со своето радио, читачот за CD со MP3/WMA и интерфејсот за USB, двата читачи за SD-картички, Bluetooth врска и шесте звучници, тој ќе се погрижи за добра забава. Дали често патувате во Европа? Со навигациските мапи за Европа меморирани на SD-картичката Вие сте оптимално опремени за следните тури. Освен тоа опционално: распоредот на дисплејот сосема горе во инструментната табла. Тоа придонесува за подобра ергономија и видливост.