Со првокласните дизајнерски елементи, пакетот "Style" покрај совршен спортски изглед нуди и поголем комфор. Спортските седишта со потпирач за лумбалниот дел од рбетниот столб имаат навлаки од вештачка кожа во Carbon изглед и текстил и се особено удобни - а изгледот ги прави и навистина модерни. Повеќефункцискиот управувач, рачката на рачната сопирачка и маската на рачката на менувачот од кожа се забележлив знак за високиот квалитет на материјалите. Хармоничниот и модерен изглед совршено го заокружуваат темниот внатрешен дел од покривот, патосниците напред и одзади и сјајно лакираните декорации во бојата "Deep Iron". "Style пакетот" е опционално достапен за Polo со линиите опрема "Comfortline" и "Highline".