При паркирање Ви помагаат и ушите.

Помош при паркирање и Rear View

Уште колку место има? Опционалната помош при паркирање Ви го олеснува паркирањето во непрегледни места за паркирање со помош на кратки звучни сигнали. Тоа го овозможуваат сензорите во предниот и задниот дел на возилото. На тој начин можете да бидете предупредени за препреки со акустични сигнали и графички приказ на дисплејот на Infotainment системот.¹ 

Нов составен дел на помошта при паркирање е вклучената функција за маневрирање и сопирање. При возење наназад до 10 km/h системот може со вонредно сопирање да избегне судир или да ги намали неговите последици. Функцијата за маневрирање и сопирање можете исто така да ја активирате и при возење нанапред со притискање на копче. При препрека пред возилото исто така автоматски се сопира, доколку не реагирате на акустичните предупредувања на помошта при паркирање. Во линијата на опрема Highline практичната помош при паркирање со функција за маневрирање и сопирање припаѓа кон сериската опрема. 

Опционалната камера за помош при возење наназад "Rear View" овозможува да се задржи прегледот при возење наназад: На дисплејот на Вашиот Infotainment систем се прикажува областа зад возилото регистрирана од камерата. Покрај тоа "Rear View"  вклучува помошни линии на дисплејот, кои Ви олеснуваат правилно да го оцените растојанието.

Сè уште се вртите или веќе паркирате?

Park Assist

Системот за помош во управување при паркирање "Park Assist" кој можете да го добиете по желба може и многу повеќе: при поминување тој ги мери двете страни на улицата и за Вас го наоѓа вистинското место за паркирање. Растојанието до работ на улицата притоа смее да изнесува од 0,5 метри до 1,5 метар, при максимална брзина од 40 km/h. 

"Park Assist" автоматски води во надолжни и попречни паркинг места и самостојно го управува возилото во тесен простор за паркирање - и повторно наназад од надолжни паркинг места.¹ Вие го преземате додавањето гас, притискањето на куплунгот и сопирањето, при што Ви помага функцијата за маневрирање и сопирање која е вклучена во "Park Assist": доколку системот регистрира препрека зад Вашето возило а Вие не реагирате на акустичното предупредување од системот за помош при паркирање, функцијата за маневрирање и сопирање може да делува против судир со автоматски воведено сопирање.

Затвори
За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Polo.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team