Маркантни форми и динамичен дизајн - со опционалниот R-Line пакет "Екстериер + ентериер", ќе ги нагласите карактеристичните особини на Вашето Polo. Заштитната решетка на ладилникот и решетката за вентилација со црна рапава површина и црното проширување на праговите овозможуваат импозантен изглед. Отворите за воздух и браниците напред со C форма во R-Line дизајн совршено се вклопуваат во спортскиот изглед. Исто така впечатливо: дизајнерските ленти на страничните делови и на решетката на ладилникот со R-Line лого. Наспроти нив, сосема дискретни се спортскиот дифузор со хромирани ленти и задниот спојлер со сјајна црна боја. А со опционално достапните 16-инчни тркала од лесен метал "Sebring" и 17-инчните "Bonneville", Вашето Polo има одлична фигура.
Уште при влегувањето ќе ги забележите динамично-спортските детали: од концизните ленти за влегување од алуминиум со R-Line лого, декорациите во Deep Iron Metallic, па сè до црниот внатрешен дел од покривот, амбиенталното осветлување и Infotainment системот со R-Line лого на почетниот екран. Спортските комфорни седишта напред со R-Line лого и навлаки на седиштата од материјал Dessin Carbon Flag, како и внатрешните страни на перничките на седиштата со микрофибер San Remo го засилуваат спортскиот акцент во внатрешниот простор и Вашето Polo го прават уште помодерно. Шевовите во кристално сива боја, не само на седиштата, туку и на маската на рачката на менувачот, на управувачот и на текстилните патосници привлекуваат погледи. Педалите од четкан челик се детаљ позајмен од тркачките спортови. Освен тоа, во опремата R-Line спаѓа и повеќефункциски кожен управувач со R-Line лого и можност за ракување за менувањето степени доколку се одлучите за менувач со двојна спојка.