Овие аргументи ќе Ви објаснат: LED фаровите создаваат впечатлива сигнатура на светло со висока препознатлива вредност и се одликуваат со голем волумен на светло, долготрајност, како и со спектар на светлина што наликува на дневна светлина при мала потрошувачка на енергија. Освен тоа, при лоши временски услови, тие ја подобруваат Вашата видливост. Во Polo LED светлото за дневно возење е дел од сериската опрема. За линиите на опрема "Comfortline" и "Highline" можете исто така да нарачате LED фарови, во коишто е интегрирано LED светлото за дневно возење.
Од економичен, но пред сè од дизајнерски аспект, задните LED светла се добар избор. Тие се долготрајни и штедливи, располагаат со високо делување на сигналите, а со својата впечатлива сигнатура - и набљудувани странично - изгледаат особено модерно. Во нив продолжува и линијата на дизајнот што се протега со јасниот раб околу целото Polo. LED технологијата во задниот дел на Polo е по желба достапна од линијата на опрема Comfortline.