Сосема комфорно: опционалниот телефонски интерфејс "Comfort" располага не само со уред за разговор со слободни раце, туку и со индуктивна функција на полнење. А благодарејќи на дополнителното индуктивно поврзување на надворешната антена и приклучокот за USB-податоци и за полнење во предната преграда, телефонирањето во Вашето Polo станува навистина комфорно. Посебно во врска со тоа: индуктивното поврзување со антената заедно со висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел на покривот и емитувањето звук преку интерните звучници овозможува многу добар квалитет на говор. Повеќе не е потребен држач. Сосема убаво - и сосема практично.
Дали имате секогаш при рака кабел за полнење, ако Вашиот паметен телефон се испразни? Во новото Polo повеќе не мора да се грижите за кабелот. Едноставно ставете го Вашиот мобилен телефон во предната преграда, каде што ќе се полни индуктивно. Предуслов за тоа е да го поддржува Qi-стандардот. Кај опционалниот телефонски интерфејс "Comfort" индуктивното полнење е вклучено, но истото може и посебно да се нарача.