Секој кој учи да вози го совладува: погледот наназад, со кој препознавате возила во
мртво агол. Сега по желба за возачите на Polo го има и "Blind Spot" сензорот. Штом
друго возило се наоѓа во мртов агол, ќе бидете предупредени за потенцијалната
опасност преку LED приказ на надворешниот ретровизор.¹ Доколку покрај тоа го
вклучите трепкачот, конкретната LED сијаличка во огледалото на ретровизорот
започнува да трепка и упатува на опасноста. Опционалниот "Blind Spot" сензор
функционира веќе при брзина од 15 km/h и се нуди во комбинација со системот за
помош при излегување од паркинг место.
Системот за помош при излегување од паркинг место помага при паркирање наназад.¹ Со
помош на сензори во задниот браник системот го набљудува попречниот сообраќај зад
возилото. При критично приближување на друго возило предупредуваат сигнален тон и
приказ на дисплејот на радиото или навигацискиот систем. Доколку не реагирате,
системот може да ги намали можните последици од незгода при претстоен судир со
интервенција во сопирањето или во оптимален случај да ги спречи.
Особено при густ сообраќај морате постојано да реагирате на другите возачи. Тука опционално Ви помага автоматското регулирање на растојанието ACC. Тоа Вашето возење го прави покомфорно, со тоа што ги одржува Вашата сакана брзина и растојанието до возилото пред Вас.¹ Целосно автоматски. Активиран со притискање на копче, радарски сензор во предниот дел на возилото го мери растојанието до сообраќајот пред Вас. Доколку растојанието е помало или поголемо, системот самостојно сопира или забрзува. Заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG можно е автоматско сопирање дури до мирување. За да го деактивирате системот доволно е притискање на педалот за сопирање или на копчето на повеќефункцискиот менувач.
На подолги возења, на пример на автопат, стапалото на педалот за гас станува сè потешко и потешко. Уредот за регулирање на брзината овде може целно да Ви помогне. Кога ќе ја постигнете Вашата сакана брзина на патување, активирајте го системот и брзината автоматски ќе се одржува. Тргнете го стапалото од гаста, одморете ја ногата. Независно од нагорнината и надолнината, ќе возите онолку брзо, колку што сте поставиле. Интегрираниот ограничувач на брзината функционира исто така едноставно, како и јасно: Вие ја поставувате максималната брзина а системот соодветно го ограничува доводот на гориво на моторот². На тој начин на пример полесно се одржува локално ограничување на брзината. Ограничувачот на брзина сериски се нуди веќе во основната опрема. За основната опрема и Comfortline опционално се добива уредот за ограничување на брзината.
Претпоставете си, за време на подолго патување на рамен, монотон пат полека се
уморувате. Цврсто го држите управувачот и управувате само ненадејно. Системот за
препознавање умор го регистрира ова нетипично однесување при возењето и веднаш
реагира.¹ Се огласува акустичен сигнал, а напомена на повеќефункцискиот приказ Ви
препорачува пауза.
Системот за препознавање умор Ве охрабрува во вистинска смисла на зборот после
пауза одморено да продолжите со возење, така што безбедно ќе пристигнете дома. Во
Polo тој се добива сериски.