Услуги e-Remote
Следете ги состојбите
Со услугата "Полнење" ја контролирате состојбата на наполнетост на акумулаторот и започнувањето или запирањето на полнењето. Многу едноставно од вашиот тросед. Со компјутер или паметен телефон во секое време имате преглед на сè.
- Преглед на моменталната состојба на наполнетост
- Приказ на преостанатиот опсег
- Можно е дефинирање однесувањето на полнењето
- Информира за статусот на приклучокот за напојување
Спремен, кога вие ќе бидете
Ги штеди батериите и вашата сметка за струја: Со услугата "Времиња на тргнување", можете да го оптимизирате полнењето и да одредите кога треба да се полни акумулаторот во вашиот Volkswagen.
- Без непотребно полнење
- Креирање на различни профили за полнење
- Може лесно да се комбинира со други услуги (на пр. Климатизација)
- Полн акумулатор кога сакате
Идеална клима во секое годишно време
Со услугата "Климатизација" сте сигурни дека имате пријатна температура во внатрешноста пред почетокот на патувањето. Лесно контролирајте го климатизерот преку вашиот компјутер или мобилен уред без да бидете во возилото.
- Практична контрола на температурата
- Удобно управување преку апликацијата и веб-порталот на We Connect
- Прикажување на моменталната надворешна и посакуваната температура
- Тргнете со идеална климатизација во секое време
Бидете во тек
Нека ви се прикажуваат релевантни податоци за вашето возило прегледно - каде и да сте. Проверете го преостанатиот опсег, моменталната километража или кога треба да се полни акумулаторот со вашиот паметен телефон.
- Податоците за возилото може да се повикаат удобно од каде било
- Информира за километражата и преостанатиот опсег
- Ја покажува состојбата на наполнетост на акумулаторот
Оптимизирајте ја вашата потрошувачка
Преглед на сите лични патни податоци: Погледнете со колкава просечна брзина и времетраењето сте по пат или колку енергија трошите во просек и колку можете да заштедите.
- Податоците за возилото може да се повикаат удобно од каде било
- Приказ на просечното време на возење, брзината и растојанието
- Приказ на потрошувачката на други електрични системи (како што се радио, климатизација или светло)
- Ажурирање на податоците по секое патување
- Помага при оптимизирање на сопствената потрошувачка
Заштедете време и пат
Заборавивте каде го паркиравте вашиот Volkswagen? Со услугата "Паркинг позиција", еден допир на паметниот телефон е доволен за да ви покаже каде е вашиот автомобил. А по потреба и како најбрзо да стигнете дотаму.
- Ја прикажува последната паркинг позиција
- Практичен приказ преку апликација
- Ја прикажува рутата до автомобилот
- Поштедува од пребарувања што одземаат многу време
Во секое време чувство на безбедност
Со услугата "Врати и светла" може лесно да проверите преку апликацијата дали вратите на вашиот Volkswagen се заклучени и дали е исклучено позиционото светло. Смирувачко чувство со еден поглед.
- Покажува дали вратите се заклучени
- Покажува дали е исклучено позиционото светло
- Податоците може да се удобно повикаат преку апликацијата
- Бидете безбедни во секое време и секаде