Вашите предности

ПРЕДНОСТИТЕ НА VOLKSWAGEN ОРИГИНАЛНИТЕ ДЕЛОВИ ЗА РАЗМЕНА

ЗАШТЕДА ПРИ ИСТ КВАЛИТЕТ

Volkswagen оригиналните делови за размена се производи на пазарот директно од производителот на возила. Во нив затоа се крие истата компетенција и квалитет на светската марка на Volkswagen како во споредливите нови делови. За Вас имаме подготвено голема понуда на висококвалитетни и поволни делови за размена.

 

Кратко време на чекање

Со Volkswagen оригиналните делови за размена времето на поправки е намалено, со што вградувањето го прави поповолно во врска со цената. Врз основа на точното совпаѓање заштедувате на дополнителни трошоци за дополнителни промени односно дополнителни посети на работилница.

 

Предност во однос на цената преку понуди со моменталната вредност на пазарот

Заштедувањето во однос на цената кај деловите за размена наспроти новите делови за повеќето позиции изнесува до 50%, бидејќи старите делови се земаат назад. И бидејќи сега повторно се користат скапите компоненти, на пример агрегатите, значително се намалуваат трошоците за производство во Ваша предност.

 

Висок квалитет, голема безбедност

Volkswagen оригиналните делови за размена се произведуваат индустриски и фабрички се проверени за квалитет, точно совпаѓање и функционалност. Со тоа поправените делови се технички како нови и идентични со оригиналните делови коишто се вградени во возилото. Тоа гарантира квалитет, безбедност и долготрајност.

Гаранција исто како кај нов дел

Поправените агрегати и делови се добри како и новите делови. Врз основа на високите побарувања за квалитет на Volkswagen оригинален дел за размена можеме да гарантираме иста гаранција како кај нов дел. Истото важи и за поправките.

 

Зачувувањето на вредноста ја покачува вредноста на повторната продажба

Volkswagen оригиналните делови за размена се технички современи. Не само што го продолжуваат животниот век на возилото, туку и ја покачуваат вредноста на повторната продажба. Техничкото ниво на поправено возило по поправката може дури и да се збогати со нов оригинален дел за размена, бидејќи во процесот на производство се вметнуваат техничките новости од серијата.

Способност за испорака

За секогаш доверливо бидете снабдени и со постар модел, имаме околу 13.000 оригиналните делови за размена на лагер. Volkswagen оригиналните делови® и Volkswagen оригиналните делови за размена ја осигуруваат мобилноста до 15 години по завршување на серијата.

 

Важи за околината

 

Нашата програма за размена е исто така активна заштита за околината. Така досега се повратени милиони тони на драгоцени сурови материјали и се заштедени огромни количини на енергија и емисија на гасови. На пример количината на челик, којашто се заштедува со производството на 7,7 милиони мотори (околу 350.000 тони) е доволна, за да се изградат 50 Ајфелови кули или 162 мали Голден Гејт мостови.