CarProtect

ПРЕГЛЕД НА УСЛУГИТЕ CARPROTECT:

Ви нудиме обемно портфолио на услуги CarProtect.

  * Подобрување на конзервирање на подвозјето
  * Целосно конзервирање
  * Конзервирање со тврд восок за лакот
  *Пакет на нега "Cabrio"
  *Совети за нега + средство за нега за  хром, лак и пластика

Со CarProtect Вашето возило е заштитено горе како и долу. Со тоа се грижиме за зачувување на вредноста и долготрајноста на сите надворешни компоненти на возилото.

КОНЗЕРВИРАЊЕ НА ПОДВОЗЈЕТО

Времето може да влијае на заштитата која што ја поседува ново возило. Особено во зима каросеријата и подвозјето се изложени на особено оптоварување. Солта како и големата употреба на крупен песок по улиците се големи предизвици за заштитниот слој на Вашето возило. Слично како и кај системот за имунитет кај човекот, може да се намали отпорноста и да предизвика, полесно да може да се зафати 'рѓа. Конзервирањето на подвозјето оптимално го штити Вашето возило од вода, сол, нечистотија на улиците и мали камчиња и го спречува настанувањето на корозија.

Претходна грижа за оптимална заштита

Ова конзервирање на подвозјето треба да се повторува во редовни периоди при особено оптоварени компоненти. Се препорачува обновување на заштитата од втората година по првата регистрација односно по 30.000 километри. Така може да се избегне 'рѓосување и напукнување на подвозјето и Вашиот автомобил повторно да се заштити.

Тек на конзервирање на подвозјето.

Во рамките на визуелна проверка го утврдуваме обемот на потреба за делување и по потреба вршиме миење на подвозјето. Во зависност од состојбата на возилото во нашиот сервис ќе добиете целосно како и парцијално конзервирање на подземјето - оптимално опремено за Вашето возило. По целосна проверка можеме со задоволство да дадеме веродостојна проценка за трошоците. Со нашите CarProtect заштитни мерки за подвозјето, можете повторно да возите без грижи во следните две години или 30.000 km.

ПАКЕТИ ЗА НЕГА

Како заштита делуваат нашите пакети за нега за лак, алуминиумски фелни и ветробранско стакло.

Талозите од железо од индустриските компании или од абењето на железнички пруги, често со километри се пренесуваат од ветрот и се само едни од многуте предизвикувачи на  'рѓа којашто лета.

Отстранување на 'рѓа којашто лета

Мало талог може да се "отстрани" рачно, поголеми талози се третираат со специјални отстранувачи на индустриска прашина. Нека Ве советуваат нашите специјалисти. Го имаме вистинското решение за Вас.

Избегнување на 'рѓа којашто лета

 

Редовната нега го заштитува лакот од понова индустриска прашина. Конзервирањето со тврд восок на половина година го заштитува лакот и може превентивно да го спречи настанувањето на честички коишто летаат.

СОВЕТИ ЗА НЕГА ЗА СЈАЕН ИЗГЛЕД

За Вашето возило подолго време да остане сјајно, потребни Вие се оптимални средства за нега за хром, лак и пластика. Овие производи кои се специјално произведени за Вашата марка на возило ќе ги најдете во нашата продавница за додатоци. Со задоволство ќе Ве советуваме.

Тврдокорни инсекти

Инсектите можат да го оштетат лакот. Специјалните средства за чистење се грижат за решение. Наш совет: Прво натопете. Во никој случај не користете кујнски сунѓери со стаклени влакна!

Леплива смола

Особено тополите, липите, брезите и јаворите оставаат леплива смола. Флеките веднаш отстранете ги со соодветно средство за чистење, во спротивно можат да настанат пукнатини во лакот.

Нагризувачки  нечистотии од птици

Буквално нагризувачки проблем се нечистотиите од птици. Тие мора веднаш да се измијат. Внимание: Доколку флеката веќе се исушила, во никој случај не гребете ја. Совет: На засегнатото место ставете весник натопен со вода.

Мали гребнатини

 

По посетата на сервис за миење на возила често има гребнатини од деланките на патот, камчиња и сол. Во врска со зачувувањето на вредноста на Вашето возило, за правилната нега, заштита или мерки за поправка прашајте кај специјалистите во нашата сервисна работилница