CLEVER REPAIR

ПОПРАВКА НА МАЛИ ОШТЕТУВАЊА СО ПОГОЛЕМО ДЕЈСТВО

Возило без гребнатини и вдлабнатини е екстремно ретко. За Вашето возило уште долго време да изгледа "како ново", користете ги поволните начини на поправка. Така можете да отстраните мали оштетувања без голем проблем.

ПОПРАВКА НА МАЛИ ОШТЕТУВАЊА СО ПОГОЛЕМО ДЕЈСТВО

Поправка на стакло

Малите оштетувања од удари со камен во многу случаи се поправаат без замена на ветробранското стакло. Непоправените оштетувања брзо се зголемуваат поради топлината и не се поправаат. Затоа по удар со камен не ја одложувајте поправката на стаклото.

 

Предности:

 *  Осигурувањата (каско) најчесто се оградуваат од ретенција.

 * Ремонтот на стаклата не е потребно.

 * Поправката е можна и кај обоени стакла.

 * Замената на вињетите отпаѓа не е вклучена.

 

Предуслови:

 *Дијаметарот на местото на ударот не смее да биде поголемо од 5 mm.

 * Фолијата измеѓу и/или внатрешните стакла не смеат да бидат оштетени.

 * Пукнатините на оштетеното место не смеат да бидат подолги од 50 mm и да не поминуваат во крајниот дел кај работ на стаклото.

 

    * Нечистотијата и влажноста не смеат да бидат длабоки.

Вдлабнатини

Експертите оценуваат, дека секој втор автомобил во Австрија има вдлабнатини. Покрај тоа сопствениците се колебаат да ги поправат. Додека порано оштетувањата се отстранувале со маса за пополнување и израмнување и морало да се лакираат одново, вдлабнатините сега можат да се отстрануваат без да се оштети оригиналниот лак. На тој начин повторно перфектно ќе го зачувате изгледот на Вашето возило.

 

Предности:

 * Повеќе не е потребно лакирање.

 * Оригиналниот лак се задржува.

 * Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови:

 * Лакот не смее да биде оштетен (во спротивно е потребна дополнителна поправка на лакот).

 

 * Оштетувањето не смее да се наоѓа само на едно пристапно место (од внатрешната страна).

Напомена:

 

 * Идеално е кај оштетувања на врнежи од град или мали оштетувања од паркирање.

Лак

Едно невнимание со количката од маркет, едно незгодно маневрирање при паркирање или излегување од место за паркирање - и лакот на возилото веќе се изгребал. Со Clever

Repair- лакирањето помалите оштетувања на лакот може да се отстранат директно на возилото и без скапо демонтирање на деловите коишто треба да се лакираат.

 

Предности:

 * Не е потребно демонтирање на оштетениот дел.

 * Можни се чисто лакирање и невидливи преклопувања на лак над стариот лак.

 * При отстранување на оштетувањето секогаш постои оптимална заштита од 'рѓа и корозија.

 * Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

 

Предуслов:
 * Оштетените делови не смеат да бидат поголеми од 3,5 cm во дијаметар.

 

Исклучок:

 * Не е соодветно кај лак во сребрена боја.

 

Напомена:

 

 * Кај постари, нерамно избелени лакирани површини како и кај металик лакови при посебно паѓање на светлината едвај може да се видат отстапувањата од бојата. 

Удар од камен

Удари од камен на пр. со  дробен камен по желба може да се покријат со специјални лакови. Дупките од ударот од камен притоа се пополнуваат со овој нов лак и премногу нанесениот лак на едно место се полира:

 

Предности:

 * Лакот се нанесува само во вдлабнатината од ударот од камен. Останатиот лак останува во оригинална состојба.

* При отстранување на оштетувањето има оптимална заштита од 'рѓа и корозија.

 * Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

Исклучок:

 * Не е соодветно за места со голема површина и лак во сребрена боја.

 

Напомени:

 * Оптималниот целосен впечаток по поправката повторно е беспрекорен - при набљудување од многу блиску до растојание едвај се препознаваат пополнетите вдлабнатини од удари од камен.

 

 * Постапката е особено соодветна за темни лакови.

Пластични делови надвор

Високи тротоари, метални држачи на работ на улиците, лесна незгода: потребно е мало невнимание за да се оштетат пластичните делови на возилото. Сега има алтернатива за замена на оштетените браници, заштитните лајсни и лежиштата на ретровизорите. Со модерна техника на лепење можат да се затворат мали дупки и гребнатини  и на тој начин да се избегне замена на делот.

Предности:

 * Демонтирањето на оштетениот пластичен дел не е потребно.

  * Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови:

 * Гребнатината не смее да биде подолга од 100 mm.

 * Може да се поправи само дупка со дијаметар до 30 mm.

 

Напомена:

 

 * Структурираните горни површини можат исто така да се поправат.

Пластични делови внатре

Со стариот мобилен телефон мора да се отстапи и држачот во автомобилот. Она што ќе остане се дупките од држачот во инструментната табла. Со мал трошок за поправка можат да се отстранат гребнатини, пукнатини и дупки. Повеќето можат перфектно да се поправат без демонтирање.

Предности:

 * Не е потребна замена на оштетениот тапацир во внатрешниот простор, на инструментната табла и на конзолите.

* Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови:

 * Оштетувањето (на пр. дупка) не смее да има дијаметар поголем од 15 mm.

 

Исклучок:

 * Не смеат да се вршат поправки во делот на воздушните перничиња.

Напомена:

 

 * Со оваа техника на нанесување оптички се постигнуваат многу добри резултати - сепак оригиналниот стандард на квалитет на нов дел не може секогаш целосно да се достигне.

Материјал

Малите дупки од изгореници на седиштата, внатрешниот дел од покривот или тепихот во многу случаи се поправаат со многу добри оптички резултати.

Предности:

 * Скапата замена на пр. на навлаките на седиштата повеќе не е потребна.

 * Сите актуелни примероци на бои и материјали ви внатрешниот простор можат да се реконструираат (седиштата во возилото, внатрешниот дел од покривот, теписите)

* Поправките на дупките од изгореници или гребнатините се вршат брзо.

* Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови:

 * Гребнатините не смеат да бидат подолги од 40 mm.

 * Дупките не смеат да имаат дијаметар поголем од 15 mm.

 

Исклучок:

 *Не смеат да се вршат поправки во делот на воздушните перничиња.

 

Напомени:

 * Со оваа постапка исто така може да се поправа и  Alcantara.

 

 * Со оваа техника на нанесување оптички се постигнуваат многу добри резултати - сепак оригиналниот стандард на квалитет не може секогаш целосно да се достигне.

Кожа

Исто и кај овој висококвалитетен материјал многу често е можна поволна поправка.  Техничарите ги отстрануваат помалите оштетувања или тврдокорните нечистотии.

 

Предности:

 * Со тоа најчесто изостанува замената на оштетениот односно засегнатиот дел, кој настанува со разлика на бојата за ново седиште.

* Штедите време и трошоци.

 * Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови

 * Гребнатините не смеат да бидат подолги од 40 mm.

 * Дупките не смеат да имаат дијаметар поголем од 15 mm.

 

Исклучоци:

 * Не смеат да се вршат поправки во делот на воздушните перничиња или во близина на раб.

 * Alcantara (за ова види Поправка на материјали).

 

Напомена:

 

 * Со оваа техника на нанесување оптички се постигнуваат многу добри резултати - сепак оригиналниот стандард на квалитет на нов дел не може секогаш целосно да се достигне.

Алуминиумски фелни

Почнувајќи од веднаш, поблискиот контакт на работ на тротоарот со алуминиумските фелни не смее повеќе да Ви задава главоболки. Со новиот начин на поправка Clever Repair овие оштетувања може да се отстранат поволно, брзо и со врвен квалитет. Гребнатините се пополнуваат со специјално средство коешто брзо се стврднува и се конзервира со лак.

 

Предности:

 * Замената на оштетената фелна - зависно од степенот на оштетување - не е повеќе потребна. Со тоа штедите време и трошоци.

* Вредноста на возилото се задржува.

 

Предуслови:

 * Гребнатините смеат да се длабоки најмногу 2 mm, Вашиот сервисен партнер на Volkswagen со задоволство ќе Ве советува.

 

Не можат да се поправат:

 * Хромирани фелни, полирани фелни и фелни од благороден челик.

 * Оштетените или деформирани тркала, како и тркала со изгребани или деформирани дупки за клинови.

 

Напомена:

 * Со оваа техника на нанесување оптички се постигнуваат многу добри резултати - сепак оригиналниот стандард на квалитет на нов дел не може секогаш целосно да се достигне.