Проверка

ПРОВЕРКА

ЗОШТО Е ВАЖЕН СЕРВИСОТ?

Производителот препорачува проверка по секои 30.000 километри. Секое возило мора целосно да се провери по одредена измината километража.

Обемот на сервис притоа различно се оформува според староста на возилото и изминатите километри. При проверка се проверува целото возило: се започнува со електрониката, па до каросеријата, различните изабени делови и нивото на течностите - до 50 точки за проверка според состојбата на изминати километри.

Тоа е важно: за безбедноста и за задржувањето на вредноста на возилото. За понови и постари возила. Исто како да се врши здравствен преглед на возилото.

КОГА Е ДОСПЕАН СЕРВИСОТ?

Налепницата на внатрешната страна на вратата на возачот односно индикаторот за сервисен интервал во тахометарот потсетуваат за следниот термин за сервис. Освен тоа, во сервисната тетратка е запишано, кога е доспеан следниот сервис.

Потврдата од сервисот е еден од предусловите за овозможената мобилна гаранција од Вашиот сервис. 

 

Alle Details zur Volkswagen Mobilitätsgarantie

 

ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАФАТИ, КОГА СЕ ТИЕ ПОТРЕБНИ?

Под дополнителни зафати во рамките на сервис се подразбира замена на изабени делови, коишто мора да се спроведат во одреден интервал - според одредбите на производителот. Меѓу нив се на пр. замена на филтри или свеќички. Интервалите за замена се на пример 2, 4 или 6 години односно по 30.000, 60.000 или 90.000 Km во зависност од моделот на возило.

Во зависност од моделот и условите за работа можеби ќе е потребно, порано да се замени на пр. филтер за воздух. И впрочем тогаш, кога возилото се движи во предели со многу прашина. Слично важи и за филтерот за гориво: доколку се точи дизел гориво со понизок квалитет - во странство може да се случи - филтерот да мора да се замени пред вообичаениот интервал за замена.

 

Во рамките на сервисот според одредбите на производителот Вашиот Volkswagen ќе се грижливо ќе се провери од напите специјалисти за сервис. За да се избегнат можни оштетувања или дефекти, треба - доколку е потребно - задолжително да се направат дополнителни зафати. З Вие и понатаму многу да се радувате на Вашиот Volkswagen.

Стандардни зафати

 

При сервис меѓу другото се извршуваат следните зафати за проверка и сервисирање:

 

 * Замена на моторно масло, замена на филтер за масло

 * Проверка на нивото на средството за ладење и средството за заштита од замрзнување

 * Проверка на осветлувањето и сигналните уреди

 * Проверка на поставувањето на фаровите

 * Проверка на функционирањето на бричачите и уредот за миење, контрола на нивото на течности и средството за заштита од замрзнување

 * Повикување на меморијата за дефекти на сите системи за сопствена дијагноза

 * Проверка на акумулаторот

 *Контрола на јачината на гуртните на сопирачките напред и назад

 * Проверка на нивото на течноста за сопирачките

 * Контрола на состојбата и длабочината на профил на гумите

 * Проверка на притисокот во гумите на сите гуми и резервното тркало

 * Ресетирање на индикаторот за сервисен интервал

 * Извршување на пробно возење

 

 * И многу повеќе

 

Ве молиме обрнете внимание на деталните информации во Вашиот сервисен план. Вашата сервисна работилница со задоволство ќе Ве советува во врска со сите прашања за сервисните интервали како и за точниот обем и трошоците за зафатите за проверка и сервисирање.

Дополнителни зафати

Следните дополнителни зафати меѓу другото се потребни по одредени изминати километри како и абење на делови:

 * менувач и погон на оска: проверка на нивото на масло, по потреба дополнување на масло

 * Замена на свеќички

 * Серво-управувач: проверка на нивото на масло, по потреба дополнување на серво-масло

 * Замена на филтерот за гориво кај возила со дизел мотор

 * Замена на филтрите за прав и полен

 * Чистење на куќиштето на филтерот за воздух и замена на филтерот

 * Проверка на состојбата и растегливоста на запчените ремени и по потреба замена

 * Проверка на состојбата и растегливоста клинастите ремени и по потреба замена

 * Замена на течноста на сопирачките

 * И многу повеќе

 

 

Ве молиме обрнете внимание на деталните информации во Вашиот сервисен план. Вашата сервисна работилница со задоволство ќе Ве советува во врска со сите прашања за сервисните интервали како и за точниот обем и трошоците за зафатите за проверка и сервисирање.

НИЕ СМЕ СЕКОГАШ ТУКА ЗА ВАС СО ИНДИВИДУАЛНИ ПОНУДИ ЗА СЕРВИС:

Со ПАКЕТОТ ЗА ДОВЕРБА за сервис за Вашиот Volkswagen постар од 4 години цела година возете поволно.

 

Zu den Volkswagen Treuepaketen