Ветувања за сервис

ВЕТУВАЊЕ ЗА СЕРВИС

На што можете да се потпрете , кога ќе го донесете Вашиот автомобил во нашата работилница:

Едноставно договорете термин - и не губете време

Ви заштедуваме непотребно време на чекање за примање за поправка, со што грижливо се подготвуваме за Вашата посета во работилницата. Еден повик за договарање на термин е доволен.

Доколку притоа сакате да присуствувате на дијагнозата за автомобилот, соопштете ни го тоа кога се јавувате. Ве молиме за тоа одвојте си малку повеќе време од вообичаено (околу 15-20 минути).

Возилото донесете го во точното време - сè се одвива според Вашата желба

При примање на возилото Вашиот советник за сервис ве очекува подготвен во договорениот термин и јасно се договара со Вас.

Не поправаме ништо без Ваша дозвола!

Едноставно земете го возилото - сè е веќе подготвено

Сите договорени работи се исполнети, кога ќе дојдете да го земете Вашето возило во договорениот термин. Веќе Ве очекуваме!

Доколку сакате, Вашиот советник за сервис со задоволство ќе Ви ги објасни извршените зафати. Ве молиме одвојте си малку време.