Преработка на стари автомобили

ПРЕРАБОТКА НА СТАРИ АВТОМОБИЛИ

Обемното управување со околината гради три столба. Почнувајќи со развојот и производството на Volkswagen преку услугите во австриските стручни сервиси на Volkswagen, до правилна преработка на стари возила и делови.

Права за преработка на конструкции на возила и нивни делови

Веќе од 1989 се вршат детални прегледи за демонтажа на секој нов модел на возило од Volkswagen. Постигнатите резултати од тоа се вметнуваат постојано во новите проекти за возила, за да се подобрат карактеристиките на преработката и демонтажата на возила.

Веќе за време на фазата на развој во праксата се набљудуваат применливи технологии за преработка. Важен придонес, покрај зголемените побарувања за нови возила - пред сè во областа на комфорот и безбедноста - е дополнително подобрување на правата за преработка на конструкцијата.

Преработка и искористување на составни делови

Преработката на составните делови, групи и материјали е веќе подолго време воспоставена индустриска гранка кај Volkswagen.

 

Во Австрија во 2012 во рамките на концернот во размената повторно се вметнати околу 79.392 позиции или 1.130 тони од групи на моторни, менувач/куплунг, оска, електроника и систем за гориво.

За затворање на циклусите на материјали концернот на Порше во Австрија 2012 воведе повторно обработување на материјали:

 * 493 тони прозорски стакла

 * 248 тони пластични браници

 

 * 167.000 литри течност за сопирачки

Еколошки третман на стари возила - намалување на отпад

За оптимален и еколошки третман на старите возила Volkswagen насекаде низ Австрија изгради мрежа за третман со преработка. Со тоа покрај законските прописи се исполнуваат и сопствените високи побарувања за квалитет и доверба. за оптимирање на третманот и демонтажата на стари возила Volkswagen заедно со другите производители ја изгради банката на податоци IDIS (меѓународен информативен систем за демонтажа).

 

Класичниот ланец на преработка на стари возила се состои од одземање на течности ("сушење") и демонтажа, како и преработка и користење на метални фракции, кои сочинуваат околу 75% од тежината на возилото.

 

При преработката на стари возила се добиваат околу 20% останати материјали, коишто досега најчесто се депонираа неискористени. За корисно да се употребат овие претежно неметални материјали, Volkswagen со технолошкиот партнер Sicon разви нов процес на подготовка. Процесот на Volkswagen Sicon на интелигентен начин комбинира различни докажани чекори на подготовка. Од некогаш безвредните преостанати материјали од преработка со неа се добиваат повеќе фракции, коишто претежно се економично како и еколошки корисни во преработката на суровини. Преработката на стари возила така достигнува сума на квота од 95% и со тоа овозможува одлучувачки придонес кон чувањето на примарните сурови материјали.