Технички информации

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

ПРИРАЧНИК

Во прирачникот за поправки се опишани чекорите за извршување на зафати на возилото, електричните приклучоци и се документирани поврзувањата во плановите за на струјниот тек. За зафатите се наведени потребните специјални алати и опреми.

Прирачникот е поставен од страна на Volkswagen AG на интернет порталот erWin

(информации за поправка на електроника и информации за алати). Овде можете комфорно и поволно да ги добиете саканите делови од прирачникот точно за одделни возила.

Процесирањето и пресметувањето се вршат директно со Volkswagen AG.

» Hier geht es zu erWin

» Preisauskunft oder Bestellfax zum Downloaden

 

Доколку имате други прашања обратете се на service-support(kwfat)porsche.co(kwfdot)at

АЛАТИ

Во прирачникот за поправки кај одделни чекори за зафати се наведени потребните специјални алати и опреми со број на алат.

Деталните описи за одделните алати ќе најдете до бројот на erWin во делот "Workshop Equipment" (опрема за работилница).

Врз основа на бројот можете да нарачувате кај Porsche Konstruktionen GmbH & CO KG, или да запрашате за информација за цена.

» Zu erWin Workshop-Equipment

» Preisauskunft oder Bestellfax zum Downloaden

 

Доколку имате други прашања обратете се на service-support(kwfat)porsche.co(kwfdot)at

ОБУКА

Советувањето на клиенти и стручната поправка и одржување на возила на Volkswagen има потреба од постојана обука и надоградба на соработниците. За таа цел Porsche Austria GmbH & Co OG организира актуелни семинари.

Програмата за обука можете бесплатно да ја нарачате по е-пошта. Со програмата за обука добивате и преглед на трошоците за одделни семинари и информации за можности за букирање.

ОНЛАЈН УСЛУГИ

Со GeKo-VW и  SVM-VW можете да вршите онлајн поврзување на Вашиот дијагностички уред VAS 5052 со централниот сервер на Volkswagen AG и со тоа да го проширите обемот на услуги.

Што е GeKo-VW?

GeKo (Тајна и заштита на компоненти) е функција, со која на корисниците на располагање им стои онлајн-поврзувањето на дијагностичкиот уред VAS 5052 и им се овозможува регистрирањето на компонентите на имобилизаторот (на пр. инструментната табла, системот за управување со моторот), клучевите  и заштитата на компоненти (кима уред, навигација итн.)

Што е SVM-VW?

SVM (управување со верзии на софтвер) е друга функција, којашто е подготвена со онлајн-поврзувањето на дијагностичкиот уред VAS 5052. Со неа се овозможува безбедно програмирање како и правилна инсталација на контролниот уред. Функцијата нуди дополнителна помош при кодирање на контролниот уред.

Како можете да ги користите функциите како GeKo-VW и SVM-VW?

 * Мора да поседувате дијагностички уред VAS 5052. Подетални информации и упатства за нарачка ќе добиете во erWin во делот Опрема за работилница.

 * За онлајн-поврзувањето мора да бидат исполнети одредени EDV - технички предуслови. Потоа Ви е потребно посебно корисничко име.

 

Доколку имате други прашања обратете се на service-support(kwfat)porsche.co(kwfdot)at

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПОПРАВКА

За технички информации или техника поддршка за поправка за независни оддели на пазарот, имаме број на факс за којшто се плаќа.

За да можеме да Ви пружиме професионална поддршка, ги запишуваме точните податоци за возилото и за актуелниот проблем односно приговор на клиентот.

Ве молиме пополнете го формуларот "Технички прашања" колку што можете поточно и подобро читливо и испратете го на факс бр. 0901/71911

(со плаќање: € 7,- по барање).

Одговорот од нас ќе го добиете телефонски или писмено.

» Abfrageformular zum Downloaden

 

ДОГОВОР ЗА УСЛУГИ

Ве молиме испратете ја Вашата пријава на:

Frau Gabriela Bittermann
Porsche Austria GmbH & Co OG

Leitung Vertriebsplanung
Louise-Piëch-Straße 2
A-5020 Salzburg