Период на лизинг: од 24 до 72 месеци | Каско полиса со 200 евра франшиза | Учество: од 20 до 50% | Времетраење на акцијата: до 30.06.2021 година
T-Cross
Сеопфатен дизајн.
Полн со таленти: новиот T-Cross е функционален и сестран. Со неговиот Crossover дизајн, можностите за прилагодување и високиот степен на практичност, тој претставува совршена комбинација од варијабилност и компактност. Идеален за секоја авантура.
T-Roc
Роден со самодоверба.
Импресионира со својот впечатлив, динамичен дизајн и со неговата флексибилност. Со своите разновидни опции за дизајн, тој ви нуди поголема слобода - слобода за спонтани планови, продолжени патувања и разновидноста на секојдневниот живот. Бидете инспирирани од автомобил кој не се вклопува во било која рамка и е посебен во сите негови аспекти. Исто како Вас.
Новиот Tiguan
Суверено до целта.
Новиот Tiguan покажува што значи постојано одново да се реосмислуваш. На тоа укажува и неговиот прогресивен дизајн. Од моќните пропорции, преку динамичниот преден дел со прецизните линии, па се до истакнатите рамена, впечатливата силуета ги истакнува своите силни страни: Иновативност, сувереност и бескомпромисна функционалност.
Touareg
Препознатливо доминантен.
Новиот Touareg со неговиот самоуверен линеарен дизајн создава уникатно присуство. Врвните карактеристики на техниката кои може да се добијат по желба, како електромеханичкото стабилизирање на нишање, IQ. Light - LED-Matrix фарови и Innovision кокпитот ги подигнуваат комфорот, искуството за време на возењето и возбудата на ново ниво.
*Промоцијата важи за ограничен број на возила, за одобрени договори за лизинг
до 30 јуни 2021 година. Понудата за финансирање важи исклучиво со склучен
договор за лизинг со Porsche Leasing.
За најрелевантни информации ве молиме контактирајте го овластениот Volkswagen
партнер.
Пребарајте Volkswagen партнер
>