Новиот T-Cross: VW Connect
Уште од самиот почеток целосно поврзани, на располагање имате многубројни VW Connect услуги. По еднократното активирање и најавување со вашиот Volkswagen ID, можете многу едноставно и покрај тоа и бесплатно да ги користите иновативните онлајн услуги.
VW Connect1 не само што го прави вашето секојдневие заедно со вашиот Volkswagen попријатно, туку и поудобно. Тој ви овозможува пристап до важни информации за возилото, а ви пружа и практичен комфор со повикот во случај на дефект или со планирањето термин за сервис.
А со Volkswagen App1 за вашиот паметен телефон, имате преглед на важните податоци за вашиот Volkswagen дури и додека патувате: На пример, проверете го преостанатиот досег или дали се затворени сите врати и прозорци.