Останете суверени, исто и за време на напорни ситуации во сообраќајот.

4MOTION Active Control.

Подлогата сака да се менува, Вашата радост за време на возењето не: доколку се одлучите за T-Roc со 4MOTION погон, можете да активирате различни возни профили за различни ситуации во сообраќајот - благодарение на 4MOTION Active Control. Притоа имате избор меѓу опциите Snow, Offroad и Offroad Individual. Системот се ракува удобно преку прекинувач со функција за вртење и притиснување. Во дополнителниот Onroad режим изберете на пример меѓу економичниот режим Eco и динамичниот режим Sport.

4MOTION Active Control е во контакт со системот за помош при поаѓање на надолнини, електронската програма за стабилизација и електронската блокада на диференцијал. Зависно од избраниот профил се менуваат и карактеристиките на погонот како контролата на педалот за гас, менувањето степени, моторното сопирање и системот за помош при поаѓање. Резултат: доживување за време на возењето, коешто е уште полесно - како на снег, така и на неасфалтирани патишта.

Close