Видете ги токму оние информации, кои сакате да ги видите.

Active Info Display.

Со новиот опционален Active Info Display уживајте во предностите на инструментна табла со TFT дисплеј во боја со висока резолуција и големина од 26 cm (20,25 инчи). Покрај големата збиеност на пиксели, поинтензивните бои и осветленостa, како и големиот контраст, се нуди можност да се изберат и различни прикази. На инструментната табла целно нека Ви се прикажуваат дополнителни податоци за класичните содржини како бројачот на вртежи, тахометарот и бројачот на изминати километри.

Изберете што сакате да гледате преку повеќефункцискиот управувач и Infotainment системот: по потреба можете на пример да повикате детални возни податоци, да ја повикате навигациската мапа на целиот дисплеј или да Ви се прикаже оптички приказ на Вашите возни системи. Наместо докажаниот приказ во форма на туба, на целата површина може да Ви се прикажат и информации за насловот на тековната песна на Вашиот MP3 плеер или контактот со кој моментално зборувате на телефон. Или изберете комбинација на пример од навигациска мапа и приказ на медиум.

Преку Infotainment системот можете да конфигурирате до три прикази, да ги меморирате и да ги изберете со притискање на копче на повеќефункцискиот управувач. Дополнително на располагање Ви стои класичниот профил. Овде како и вообичаено повеќефункцискиот приказ се прикажува помеѓу брзината и бројот на вртежи.

Close