Вие сте во сигурни раце.

Вие сте во сигурни раце.

Во итен случај важи: бидете смирени. Опционалната услуга за итен повик1 на Volkswagen ја активирате само со притискање на копче. Системот воспоставува врска со централата за итен повик на Volkswagen, за да можете да добиете лична грижа, додека не пристигнат спасувачките служби на местото. Со црвеното SOS-копче можете многу брзо да повикате помош и за други учесници во сообраќајот.

Итниот повик автоматски се воспоставува, кога системот ќе регистрира незгода. Конкретно тоа е случајот, кога ќе се активира воздушното перниче. Тогаш се воспоставува врска со централата за итен повик на Volkswagen и се јавува оператор. Истовремено до централата се испраќаат релевантни податоци, како соопштената локација, за побрзо да се овозможи медицинска помош. Централата за итен повик на Volkswagen Ви е достапна на 10 европски јазици2 и во 22 земји3 од Европа.

1. За користењето на Car-Net Security & Service треба да се склучи посебен онлајн договор со Volkswagen AG. За да можете целосно да ги користите услугите, клиентот по предавање на возилото има 90 дена време, да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/Car-Net. Услугата за итен повик е активирана уште од испорачувањето без регистрирање. Достапноста на Car-Net услугите може да се разликува во зависност од земјата. Овие услуги се достапни во договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на измени во содржината за време на истиот. За користењето на бесплатната Car-Net App потребен е паметен телефон со оперативен систем iOS или Android и SIM-картичка со опција за податоци со постоечки или одделно склучен договор за мобилна телефонија помеѓу Вас и Вашиот мобилен оператор. Со испраќањето или приемот на пакетите со податоци преку интернет, зависно од Вашата актуелна мобилна тарифа и посебно при користење во странство, може да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Подетални информации за Car-Net Security & Service ќе добиете на www.volkswagen.com/Car-Net и кај Вашиот партнер за Volkswagen; информации за тарифните услови на мобилната мрежа ќе добиете кај Вашиот мобилен оператор.

2. Германски, Англиски, Француски, Италијански, Холандски, Полски, Португалски, Шведски, Шпански, Чешки

3. Белгија, Бугарија, Германија, Финска, Франција, Грција, Велика Британија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Австрија, Посла, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Чешка, Унгарија

Close