Покажете кои сте.

Карактер.

Дизајнот на T-Roc е доказ за карактер: висококвалитетен, полн со детали, авангарден. Дизајнерски елемент кој се истакнува е невообичаениот С-столб: сјајнаta лајсна од хром ја нагласува долгата кровна линија на возилото која е типична за coupé. Во исто време маркантниот преден дел на возилото и јасните странични делови на T-Roc му подаруваат моќен и самоуверен настап.

Спортската coupé форма компактниот Crossover визуелно го издолжува, исто како и меѓуоскиното растојание со кратките надвиснати делови. Големиот отвор за воздух напред, страничните прагови со лајсните над тркалата во црна боја и моќниот дифузер во задниот дел покажуваат колку многу динамика и задоволство при возењето се кријат во него.

Close