Во кокпитот сè Ви е на дофат.

Кокпит.

Во кокпитот брзо ќе се снајдете уште првиот пат, затоа што инструментите и контролните елементи се поставени така што се ориентирани според возачот. А по желба наместо старите кружни инструменти, на располагање Ви стои дигитален Active Info Display. Како екран на допир во боја со висока резолуција тој може да Ви прикаже повеќе од вообичаениот тахометар. На пример, во различни профили за информирање Ви доставува детални возни податоци или графички приказ на Вашите системи за помош на возачот. Заедно со навигациски систем можете да ја вклучите мапата во голем приказ - комфор, којшто ќе го цените.

Во сериската опрема, во кокпитот на T-Roc Sport и T-Roc Design Ве очекува повеќефункциски управувач прекриен со кожа која е пријатна на допир. Со тоа можете да користите голем број на функции, како Infotainment системот, без да морате да ги тргнете рацете од управувачот. Предност во која можете да уживате и како опција во основната варијанта на T-Roc. Доколку се одлучите за T-Roc со 4MOTION мотор, покрај тоа можете да користите и 4MOTION Active Control. Затоа изберете го возниот профил којшто го сакате - од режим за "снег" до "спортски" режим.

Затвори