Направете си да Ви е удобно.

Комфор.

Во T-Roc ќе го почувствувате високиот квалитет на материјалите и внимателно избраната опрема. T-Roc Design веќе сериски има комфорни седишта напред. Кај T-Roc Sport возачот и совозачот седнуваат на спортските комфорни седишта, коишто нудат особено добро странично држење. Во наслоните се наоѓаат и потпирачи за `рбетниот столб, коишто можат да се постават на тој начин, што ќе го опуштат Вашиот грб. 

Навлаките за седишта Ви ја нудат можноста да оставите впечаток со Вашиот сопствен вкус. Исклучително благородна се докажува опционалната опрема од кожа "Vienna", која што го шири шармот на стилскиот Lounge.

Уште еден поглед кон светлината - во вистинска смисла на зборот - е опционалниот панорама лизгачки покрив. Тој пропушта повеќе светлина во внатрешноста на возилото; на тој начин ќе доживеете уникатно чувство на просторност. Покривот се состои од два големи стаклени делови, при што предниот располага со електрична функција на подигнување и лизгање. При премногу силно сончево зрачење, стаклениот покрив може со притискање на копче целосно да се покрие со ролетната што се наоѓа под него.

Close