Освојте го патот. И слободниот паркинг.

Park Assist и систем за помош при паркирање.

Новиот T-Roc го прави паркирањето како детска игра. Опционалниот систем за помош при паркирање го олеснува паркирањето во непрегледните места за паркирање. Тоа го овозможуваат сензорите во предниот и задниот дел. На тој начин, во рамките на системските граници можете да бидете предупредени за препреките со звучни сигнали и графички приказ на дисплејот на Infotainment системот.

Уште една функција на системот за помош при паркирање е и вклучената функција за маневрирање при сопирањето. При возење наназад до 10 km/h системот може да избегне судир со итно сопирање или барем да ја намали неговата јачина. Исто така, и при возење нанапред само со притискање на копче можете да ја активирате функцијата на маневрирање при сопирање. Во тој случај, при препека пред возилото може исто така автоматски да се сопре, доколку не сте изреагирале на звучните предупредувања на системот за помош при паркирање.

По желба, достапниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" може да Ви помогне и при барањето на слободно место за паркирање. При возењето тој ги регистрира двете страни на улицата и го пронаоѓа соодветното место за паркирање. "Park Assist" автоматски управува при паркирање на надолжни и попречни места и управува со возилото во рамките на границите на системот дури и во тесен простор - а потоа повторно го вади надвор. Вие го преземате додавањето гас, менувањето степени и сопирањето.

Затвори