Затоа што Ви е важно, кога енергијата ефикасно се искористува.

Performance.

Сакате забава при возењето, но не по секоја цена? TSI бензинските мотори за новиот T-Roc убедуваат со јачината и ефикасноста. Уште при мал број на вртежи ќе ги искористите предностите на максималниот вртежен момент. Штедливите TDI мотори се дизел мотори со турбо полнење и директно вбризгување на гориво со Common-Rail технологија. Тие се исклучително тивки при работењето, а благодарение на високиот вртежен момент го помагаат и спортскиот начин на возење.

За T-Roc ќе добиете и TSI и TDI агрегати со погон на сите тркала 4MOTION како и TSI мотори со активно управување со цилиндри. Тој го оптимира степенот на делување на моторот преку исклучување на два внатрешно поставени цилиндри при мала потреба од моќност. Притоа, возите сосема вообичаено и преку повеќефункцискиот индикатор можете да набљудувате во кој режим се наоѓа моторот во моментот.

Close