Останете на патот со добра забава.

Радио и навигација.

Подготвени сте за концепт по желба? Две радија и систем за навигација, кои во секој поглед се првокласно опремени, ги имате на програмата.

Сериското радио "Composition Colour" има дисплеј во боја чувствителен на допир со големина од 16,5 cm (6,5 инчи), со којшто исто така можете да репродуцирате музика во MP3 и WMA формат. Тоа чита SD-картички и има прием на FM радио станици. По желба, можете да го зголемите бројот на звучници од два на шест.

Кон опционалното радио "Composition Media" припаѓаат шест звучници (сериски кај T-Roc Sport). Тоа ги содржи сите функции и можности за приклучување на претходниот модел, како и CD-читач, интерфејс за USB и Bluetooth-врска за мобилни телефони. Притоа, тоа може особено комфорно да се ракува преку екран на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи).

Исто така и опционалниот систем за навигација "Discover Media" е опремен со дисплеј во боја на допир со големина од 20,3 cm (8 инчи). Освен тоа, во возилото можете да се израдувате и на шесте звучници, прием на FM-радио, CD-читач, којшто ја репродуцира музиката и во MP3, AAC и WMA формат, две прегради за SD-картички, интерфејс за USB, како и телефонски интерфејс преку Bluetooth.

Притоа, сите наведени уреди се опремени со Diversity антена, која и при тешки услови овозможува добар прием. Освен тоа, од "Composition Media" е опционално можно да ги користите предностите на дигиталниот радио прием DAB+.

Close