T-Roc го овозможува тоа за Вас.

Релаксирано возење.

Монотоните патеки, коловозните ленти кои се стеснуваат и тесните автопати можат многу да Ви ја намалат концентрацијата. За среќа T-Roc е сериски опремен со систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist". Тој може да придонесе1 да се избегнат незгоди кои би можеле да настанат поради недостаток на концентрација. Затоа што "Lane Assist" иницира коригирачка интервенција во управувањето доколку системот регистрира дека Ви се заканува отстапување од коловозната лента.

Покрај тоа , со опционалниот систем за регулирање на растојанието ACC можете да возите со значајно помалку стрес. Тој го набљудува сообраќајот покрај Вас и одржува растојание1 - при брзина до 210 km/h.

Системот за помош при застој по желба можете да се добие за мотори со менувач со двојна спојка DSG и густиот сообраќај го прави поподнослив. При брзина од 0 до 60 km/h T-Roc го следи возилото пред него и самостојно управува со додавањето на гас и сопирачките1. Притоа возилото исто така се задржува во коловозната лента.

Со "Emergency Assist" по желба можете да добиете систем, кој во медицински итен случај може делумно да го преземе управувањето со возилото1. Тој е активен кога возачот не управува, сопира или забрзува. Ако од системот се препознае таква ситуација, "Emergency Assist" - по предупредувања меѓу другото со притисок на сопирачките и педалите во сопствената лента - го контролира T-Roc до состојба на мирување.

1. Во рамките на границите на системот.

Close