Оставете да Ве видат.

Светло.

Она што ќе го покажете, другите ќе го видат. Тоа пред сè важи за посебниот дизајн на светло на T-Roc. Тој е сериски опремен со светло за дневно возење, коешто може да се забележи во предниот браник. Бидејќи функцијата на трепкање е интегрирана во светлото за дневно возење, кога вртите или кога менувате коловозна лента таа навистина посебно се забележува. На тој начин, светлото за дневно возење станува еден од највпечатливите елементи на дизајнот на T-Roc. Заедно со сериските халогенски фарови, тој се претставува себеси во варијанта на компактен дизајн. Ако се одлучите за опционалните LED-фарови (сериски кај T-Roc Sport), тој ќе ги привлече погледите врз себе во упадлив прстенест визуелен изглед.

Благодарение на задните светла во LED технологија, и задниот дел на T-Roc има впечатлив изглед. Кај T-Roc Sport, задните светла се поставени во маркантна темноцрвена боја.

Close