Експресивен дизајн за Вашето секојдневие.

T-Roc Design.

T-Roc Design Ви остава доволно простор за да го уредите по сопствен избор. Така, 17-инчните тркала од лесен метал со сјај при вртење Ви се достапни по желба во три различни бои. Освен тоа, со различните лакови во две бои* можете да поставите и други индивидуални акценти. Акцентите во хром го нагласуваат стилскиот самоуверен настап на дизајнот на Вашиот T-Roc. Тие, на пример, може да се најдат како лента на црната решетка за ладење и на трапезоидните маски во задниот дел. Дифузерот е истакнат во сребрена боја како напред, така и позади.

При влегувањето Ве очекува амбиенталното осветлување* во бела боја: осветлените декоративни лајсни, светлата за читање напред и одзади и осветлувањето на просторот за нозе создаваат особено пријатна атмосфера. Кај Dash Pad - дизајнираната маска на инструментната табла - можете да избирате помеѓу четири различни бои* и на тој начин да го уредите внатрешниот простор целосно според Вашиот вкус.

Седнете на удобните комфорни седишта, коишто по желба можат да се изработат во една од двете варијанти на висококвалитетна кожа "Vienna". Од оваа пријатна позиција телефонирајте опуштено за време на возењето преку телефонскиот интерфејс*.

Сте си ја понеле Вашата омилена музика на USB-стик? Благодарение на интерфејсот за USB* истата може едноставно да се репродуцира преку звучниците на T-Roc. Поради тоа, додека возите нема воопшто да Ви биде здодевно.

Токму при подолгите патувања може многу да Ви помогне системот за препознавање умор: штом ќе регистрира отстапување од нормалното однесување при управувањето1, , системот за препознавање умор преку визуелни и звучни сигнали препорачува пауза.

Влезете: Ве очекува успешно доживување на возењето од сите аспекти.

*Опционалните додатни опреми се достапни по дополнителна цена.
1) *Опционалните додатни опреми се достапни по дополнителна цена.

Close