Оставете спортски впечаток.

T-Roc Sport.

Кој може да му одолее? Со тркалата од лесен метал од 17 инчи и истакнатите црвени диск-сопирачки* има појава, која не може брзо да се заборави. Во приказот одзади, темноцрвените задни светла во LED-технологија* го истакнуваат самоуверениот изглед. Задното стакло и задните странични стакла се исто така затемнети* и на тој начин најдобро се вклопуваат во целосната спортска слика на T-Roc Sport. Затемнувањето апсорбира дел од сончевите зраци и притоа се грижи за особено добра распределба на светлината во внатрешниот простор. Така, полесно ќе ја одржувате возбудата, дури и ако срцето побрзо Ви бие поради огромното задоволство при возењето.

Освен тоа, ентериерот ќе Ве дочека со внатрешен дел од покривот во црна боја*, а амбиенталното осветлување* ќе Ве остави да нурнете во сосема пријатна атмосфера. Додека осветлувањето на просторот за нозе е изведено во бела боја, декоративните лајсни се осветлени црвено. За чувство како во мотоспортот се грижат педалите од нерѓосувачки челик*, а серискиот повеќефункциски кожен управувач лежи добро во рацете. Спортските комфорни седишта за возачот и совозачот нудат странично држење, кое може да се почувствува и преку интегрираните потпирачи за `рбетниот столб што рачно се поставуваат, и придонесуваат за тоа и при подолги возења да седите удобно. Сериски, тие се обложени со ткаенината во дизајн "Gem", но по желба достапни Ви се и седишта обложени со кожа "Vienna".

*Опционалната додатна опрема е достапна по дополнителна цена.

Затвори