VW TIGUAN 2016: 4MOTION 

Опционалниот интелигентен погон на сите тркала 4MOTION во рок од милисекунда ќе се погрижи за тоа, секое поединечно тркало да се управува соодветно на подлогата. На тој начин, може да се спречи извртување и блокирање, а Вашиот автомобил ќе се здобие со сигурна тракција на речиси секаква подлога. Притоа, 4MOTION придонесува за поголем комфор. Освен тоа, тој може да се комбинира и со системите за регулирање на возната динамика, како што се електронската контрола на стабилност, системот за регулирање на пролизгувањето (ASR), системот за регулирање на влечниот момент на моторот (MSR) како и електронската блокада на диференцијалот (EDS).

Close