VW TIGUAN 2016: 4MOTION ACTIVE CONTROL 

Сеедно, дали на брзи патишта или на писти покриени со снег, со опционалниот 4MOTION Active Control Ви се достапни најразлични прилагодени возни профили. Со системот можете едноставно да ракувате преку прекинувач со функција на вртење и притискање. Притоа, можете да избирате помеѓу возните профили Snow, Offroad и Offroad Individual. Во дополнителниот режим Onroad изберете го на пр. економичниот Eco-режим или динамичниот Sport-режим. Системот е во интеракција со системот за помош при поаѓање и возење по надолнини, електронската контрола на стабилноста и електронската блокада на диференцијалот. Во зависност од избраниот профил се менуваат погонските карактеристики, како што се дозирање на педалот за возење, процесите на префрлување степени, моторната сопирачка, помошта при поаѓање и степенот на блокада. Резултатот: непречено доживување при возењето - дури и по снег и на неасфалтирани патишта.

Close