Со Active Info Display (сериски кај Highline) во Вашиот Tiguan ќе ги уживате
предностите на инструментната табла со дисплеј во боја со висока резолуција со
големина од 31 cm (12,3 инчи).
Со различните инфо-профили можете да поставите целни информации кај податоците,
коишто на инструментната табла ќе се прикажуваат дополнително кон класичните
содржини како што се бројач на вртежи, тахометар и километражник. Овие
инфо-профили ги избирате брзо и едноставно преку повеќефункцискиот управувач на
Вашиот Tiguan.
По потреба, можете на пример да повикате детални податоци за возењето или да го вклучите оптичкиот приказ на Вашите системи за помош на возачот.
Притоа, осмислениот концепт на индикатори гарантира прегледен и флексибилен приказ со оптимално користење на конкретната површина: така, централната област може да се збогати со дополнителни податоци.