VW TIGUAN 2016: AREA VIEW 

Со по желба достапниот систем за приказ на околината "Area View", во ограничените области на видливост на камерата ја задржувате прегледноста: четири камери пренесуваат прикази што можат да Ви помогнат на екранот на Вашиот Infotainment систем. На тој начин можете да ги видите улиците, коишто од позиција на возач се тешко прегледни. Можете дополнително попрецизно да ја управувате спрегата на приколката или да ги заобиколкувате препреките при возење наназад. Area View е особено комфорен, ако имате малку простор за маневрирање, бидејќи Вашиот Volkswagen може да го видите од сите страни.

Со спојувањето на сите четири камери, системот пресметува птичја перспектива. Таа, при ограничено поле на видливост на камерите, Ви покажува што се случува околу автомобилот. Тоа е особено голема предност за да се ориентирате при возење по беспатен терен.

 

Close