VW TIGUAN 2016: APP-CONNECT 

Благодарение на опционалниот App-Connect¹ можно е апликациите што се прикажани на паметниот телефон комфорно да ги користите за време на возењето. Тие се пренесуваат на дисплејот на радиото односно на системот за навигација и со нив може едноставно да се ракува во полето на видливост на возачот со помош на екранот на допир. За да го избегнете одвлекувањето на вниманието, компатибилните апликации на App-Connect¹ како што се Shared Audio, Drive & Track или My Guide може да се стартуваат за време на возењето. Апликациите што не се однесуваат директно на возилото, како интернет радио или услуги за емитување вести можат исто така да се користат. Volkswagen, како прв производител истовремено нуди три интерфејси за поврзување на паметни телефони: MirrorLink™, CarPlay™ на Apple и Android Auto™ на Google. 

Noch mehr Infos zu App-Connect

 

1) Достапен само заедно со радио системот "Composition Media" или функцијата за навигација "Discover Media". App-Connect ги опфаќа технологиите MirrorLink™, CarPlay™ и Android Auto™. Достапноста на овие технологии може да се разликува во зависност од земјата. App-Connect и сега е поддржана од многу мобилни телефони, а Volkswagen тесно соработува со најголемите производители на паметни телефони за да се овозможи уште поголема поддршка за технологиите на App-Connect. Актуелните информации за компатибилноста на новите мобилни телефони што се веќе распространети на пазарот ќе ги најдете на www.volkswagen.com/car-net.

Со App-Connect се "отсликуваат" специјални, зависно од користената технологија, најразлични апликации од Вашиот паметен телефон на екранот во средишната конзола на Вашиот Volkswagen. На тој начин, со екранот на допир на системот за навигација ќе ракувате со корисните апликации на Volkswagen. Освен тоа, во зависност од апликацијата и технологијата е можно и говорно користење.

Close