VW TIGUAN 2016: DYNAUDIO CONTOUR 

Dynaudio е еден од водечките производители на High-End-звучници. Музичари, тонски техничари и перфекционисти за звук имаат доверба уште од 1977 во овој дански бренд. Тие го ценат природното создавање на звук, коешто овозможува музиката што се слуша да звучи речиси како оригинал - исто онака, како што е снимена.

По желба достапниот прецизен музички систем DYNAUDIO Contour, којшто е прилагоден на внатрешниот простор, има осум звучници и вкупна моќност од 300 Watt и се грижи за фантастично доживување на звукот. На тој начин, дигиталниот 8-канален засилувач со DSP (дигитален процесот на звук) може да управува со звукот, така што на секое место се создава оптимална звучна сцена. Благодарение на различните профили на звук можете да избирате, дали на пример сакате музиката да ја слушате особено тивко или пак добро да го разбирате изговорениот текст.

 

Close