VW TIGUAN 2016: LANE ASSIST 

Системот за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist" којшто е дел од сериската опрема, во рамките на границите на системот придонесува за тоа, да се избегнат незгоди предизвикани поради намалена концентрација. Преку модул на камерата во областа на внатрешниот ретровизор се регистрираат ознаките на коловозот и се проценува позицијата на возилото. Доколку Вашиот Volkswagen отстапува од својата лента, Lane Assist Ве предупредува со лесно управување во спротивниот правец. Доколку системот е активиран, тој самостојно се вклучува при брзина од 65 km/h, а при брзина помала од 60 km/h или при активирање на трепкачот тој не интервенира.

Close