VW TIGUAN 2016: PARK ASSIST 

Го собира ли Вашиот Volkswagen во празното место за паркирање или не? По желба достапниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" со своите сензори уште при возењето врши мерење на двете страни од улицата и за Вас го пронаоѓа вистинското место за паркирање. Притоа, растојанието од работ на улицата смее да изнесува од 0,5 до 1,5 метри, а Вие не смеете да возите побрзо од 40 km/h. Доколку тогаш го вклучите трепкачот, системот може да препознае, на која страна од улицата сакате да се паркирате и да го започне процесот. "Park Assist" автоматски управува при надолжни и попречни места за паркирање и го управува возилото во рамките на границите на системот и во мал измерен простор за паркирање. Вие го преземате додавањето гас, притискањето на куплунгот и сопирањето. Практичниот систем за помош исто така му помага на Вашиот Volkswagen повторно да излезе од надолжното место за паркирање. Но, вие секако во сите ситуации ја имате контролата врз возилото.

Close