VW TIGUAN 2016: РАДИО И НАВИГАЦИЈА

 

Подготвени за концепт по Ваша желба? Две радија и два системи за навигација се наоѓаат на програмата, делумно како составен дел од сериската опрема, а делумно како опција. Тие се разликуваат по бројот на звучници, видот на дисплеи како и по нивните можности за приклучување.

Радиото "Composition Colour" го ракувате преку екран на допир во боја со големина од 12,7 cm. Тој чита SD-картички, прима FM/AM радио станици, располага со медиумски конектор AUX-IN за поврзување на надворешни аудио извори како и со CD-читач. Осумте звучници се грижат за добро озвучување на целиот простор.

На опционалното радио "Composition Media" (сериски кај Highline) му припаѓаат осум звучници. Тоа ги содржи сите можности за приклучување на претходно наведените модели и дополнително на MP3-CD-плеер, како и Bluetooth-врска за мобилни телефони. Притоа, тоа е особено комфорно за ракување, бидејќи екранот на допир во боја располага со дијагонала од 20,3 cm.

Опционалниот систем за навигација "Discover Media" има исто така екран на допир во боја со големина од 20,3 cm. Останата опрема: осум звучници, FM/AM радио прием, CD-читач, којшто ја репродуцира музиката и во MP3, AAC и WMA формат, два влеза за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и USB, подготовка за мобилен телефон преку Bluetooth.

Ако сакате уште нешто повеќе: системот за навигација "Discover Pro" е Infotainment систем за исклучителни барања. Тој нуди екран со големина од 20,3 cm, прегледен приказ на мапите во 3-D и интерна флеш-меморија. Говорното користење реагира на изговарање на името на местото и улицата и ја пресметува рутата по Ваша инструкција. Оттука, со помош на системот се зголемува и комфорот при телефонирањето: благодарение на Bluetooth  технологијата, телефонирањето со слободни раце станува уште покомфорно.

 

Hier finden Sie Downloads und Updates für Radio- und Navigationssysteme von Volkswagen

Затвори