VW TIGUAN 2016: БЕЗБЕДНОСТ И КОМФОР 

Сериски вградените воздушни перничиња за возачот и совозачот, како и страничните воздушни перничиња, воздушните перничиња за глава и за колена од страната на возачот Ви стојат на располагање. По желба, можат да се монтираат и странични воздушни перничиња и воздушни перничиња за глава и во задниот дел.

Серискиот систем за одржување на коловозната лента "Lane Assist" Ве предупредува во рамките на границите на системот со коригирачка интервенција врз управувачот, доколку постои опасност возилото ненамерно да ја напушти коловозната лента.

Исто така, и системот за набљудување на околината "Front Assist" со предвидлива функција за заштита на пешаци се вбројува кон сериската опрема на Tiguan. Доколку во рамките на системските граници, системот за помош препознае критична ситуација на растојание, може да Ви помогне да го скратите патот на запирање.

Интелигентна безбедносна мерка е системот за проактивна заштита на патници (за Tiguan  опционално достапен). Во рамките на системските граници можат да се препознаат опасни ситуации и автоматски да се преземат безбедносни мерки, како затегнување на сигурносните појаси за возачот и совозачот.

На долги патеки, системот за препознавање умор, во рамките на системските граници, може да Ви обрне внимание на ризик од премореност. Базирајќи се на алгоритам, при брзина од 65 km/h се проценуваат факторите како што се однесувањето при управување и користењето на педалите, но и часот и времетраењето на возењето. Доколку системот утврди отстапувања во начинот на возење, упатува со акустичен и оптички сигнал на можна премореност, а еден симбол Ви укажува дека препорачливо е правење пауза.

 

Close