VW TIGUAN 2016: TRAILER ASSIST 

Маневрирањето со приколка може за неискусните да претставува тестирање на трпението, бидејќи композицијата не реагира секогаш онака како што можеби очекувате. Одлучувачки за прецизното возење наназад е аголот за управување: системот за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" го презема управувањето за Вас во рамките на системските граници. Вие најпрво го поставувате степенот за возење наназад, притиснувате на копчето за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за поместување на ретровизорите го задавате аголот и насоката, во коишто сакате да сврти приколката. Сега, Вашиот Volkswagen управува автоматски, додека пак Вие и понатаму сте одговорни за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето. Значи, Вие во секое време ја имате контролата врз возилото за да можете да реагирате навреме при промена на ситуацијата.

Close