VW TIGUAN 2016: ВЛЕЧНА СИЛА 

Постојат многу причини, поради кои се зборува за новиот Tiguan. Една од нив е опционалната опрема за приколка што рачно се ротира. Со нејзе, Вашиот Tiguan без проблеми ќе влече до 2,5 тони¹, зависно од комбинацијата на мотор и менувач, како и од опремата. Опремата за приколка може механички да се ротира и електрично да се активира. Исто така, при спојување Ви помага и опционалната камера за помош при возење наназад Rear View. Таа, во ограниченото поле на видливост на камерата, Ви го прикажува задниот дел на Вашиот Tiguan на дисплејот на Infotainment системот. А опционалниот "Trailer Assist" го поедноставува маневрирањето со притиснување на прекинувачот за поместување на ретровизорите.  

¹ Со зголемување на висината принудно се намалува моќноста на моторот. Од 1000 m над надморската висина и на секои понатамошни 1000 m треба да се одбијат по 10 % од тежината на композицијата (дозволено оптоварување на приколката + дозволена тежина на композицијата на влечното возило). 

Close