Без разлика дали на брзи улици или патишта со снег, со опционалниот 4MOTION Active Control на располагање Ви стојат разни, приспособени возни профили. Системот удобно го ракувате преку прекинувач со функција на вртење/притискање. Притоа имате избор меѓу возните профили Snow, Offroad и Offroad Individual. Во дополнителниот Onroad режим можете на пример да го изберете економичниот режим Eco или динамичен спортски режим. Системот е во контакт со системот за помош при возење по надолнини, системот за помош при поаѓање на нагорнини, електронската контрола на стабилност и електронската блокада на диференцијал. Во зависност од избраниот профил се менуваат карактеристиките на погонот, како и контролата на педалот за возење, менувањето степени, моторната сопирачка, помошта при поаѓање и степенот на блокада. Резултат: искуство при возењето, кое е уште полесно - дури и при снег и на неасфалтирани патишта.