Во Tiguan непотребно ќе го барате стариот добар тахометар: На неговото предвидено место наместо тоа ќе најдете многу модерен екран со дијагонала на слика од 31,2 cm (12,3 инчи) со висока резолуција - опционалниот Active Info Display. Покрај класичните содржини како мерач на број на вртежи, тахометар и бројач на изминати километри, тој доставува корисни информации кои можете да ги подредите и да ги ставите во фокус целосно според Вашите желби. На тој начин во режимот на навигација тахометарот и мерачот на број на вртежи се поставуваат на работ за да се даде поголем простор на мапата. Функциите за помош може удобно да се интегрираат во графичките површини на тахометарот. Active Info Display работи совршено исто и во комбинација со другите системи во возилото: Податоците на Infotainment системот кои се прикажуваат во средишната конзола, како сликите на телефонските контакти или насловните страници на CD-ата исто така може да се прикажат на дисплејот.