VW Tiguan 2016: Безбедност & комфор

На располагање Ви стојат сериски вградените воздушни перничиња за возачот и совозачот, како и страничното воздушно перниче, воздушното перниче за главата и воздушното перниче за колена на страната на возачот. По желба може да се вградат странични воздушни перничиња и воздушни перничиња за глава и во задниот дел.

Серискиот систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist" во рамките на границите на системот предупредува со коригирачка интервенција во управување, доколку возилото се заканува ненамерно да ја напушти коловозната лента.

Исто така и системот за помош при набљудување на околината "Front Assist" со предвидлива заштита за пешаци се вбројува кон сериската опрема на Tiguan. Доколку во рамките на системските граници системот за помош препознае критична ситуација на растојание, може да Ви помогне да го скратите патот на сопирање.

Интелигентна безбедносна мерка е системот за проактивна заштита на патниците (делумно се добива опционално). Во рамките на системските граници може да се препознаат ситуации на опасност и автоматски да се извршат безбедносни мерки за претпазливост, како затегнување на сигурносните појаси за возачот и совозачот.

На долги патеки, препознавањето на умор во рамките на границите на системот може да упати на ризикот од преморување. Врз основа на алгоритам, при брзина од 65 km/h нагоре се оценуваат фактори како однесувањето на управувачот и користењето на педалите, но исто така и времето од денот и времетраењето на возењето. Доколку системот треба да утврди отстапувања од однесувањето за време на возењето, упатува со акустичен и оптички сигнал за можно преморување, а симбол прикажува дека сега се препорачува пауза.

Затвори
За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Tiguan

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team