Благодарение на опциопналниот систем за динамично регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist" можете постојано да возите со вклучено долго светло. Системот самостојно се активира при брзина од 60 km/h и при целосна темнина. Возилата кои доаѓаат од спротивната страна и возилата пред Вас се препознаваат со помош на камера и долгото светло делумно се затемнува преку функција за маскирање. Системот за регулирање на долгото светло во предвид го зема и влијанието од уличното осветлување. На тој начин коловозот многу добро се осветлува во најразлични сообраќајни ситуации.